Почина 34-годишен Италијанец од коронавирусот иако бил здрав и спортувал

Фото: Профимедиа

Емануел Ренци (34) од Рим починал по брза компликација, откако се заразил со коронавирусот, објавија италијански медиуми.

Емануел бил примен на интензивна нега во клиника во Рим, но починал шест дена подоцна.

Ренци отпатувал во Барселона од шести до девети март и при враќањето од Шпанија се почувствувал лошо.

Сепак првиот ден по одморот Емануел се вратил на работа во Центар за повици. Првично имал температура и откако тестот за корона се покажал позитивен, тој бил примен во болница.

Емануел бил татко на едно дете, а неговите родители живееле во близина на општината, каде често одел да ги посети. Според неговиот татко, тој спортувал и не пушел. Сите пријатели на Емануел велат дека бил исклучително здрав човек со волја за живот.

Според весникот Република, ќе се направи обдукција на телото за да се утврди смртта и дали претходно страдал од нешто друго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот