ПОБРЗАЈТЕ да ги платите заостанатите сметки без камата! Еве до кога е рокот

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен) дека имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година, граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад.

Можноста корисниците да го платат долгот без пресметана камата е со определено времетраење во предвидениот рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот