Бугарско собрание/ Фото: МИА

Победничките коалиции во Бугарија договорија кој да биде на чело на бугарското Собрание

Двете коалиции во Бугарија, кои имаа најмногу освоени гласови на предвремените парламентарни избори од 2 април, „ГЕРБ-СДС„ и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) се договорија Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС да биде избран за претседател на 49. Народно собрание, соопшти попладнево Десислава Атанасова од ГЕРБ-СДС на брифинг во бугарскиот Парламент.

„Очекуваме утре да имаме избран претседател на Собранието, за да почне со работа Народното собрание“, изјави Николај Денков од ПП-ДБ.

Двете политички коалиции договорија заедничка законодавна програма, како и изборот на претседателот на Народното собрание и правната комисија да биде врз ротациски принцип.

„По неколкудневните разговори, ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ веќе подготвија заедничка законодавна програма за работата на 49. Народно собрание, најави Десислава Атанасова. Втората тема е изборот на претседател на Народното собрание, се договоривме тоа да биде господинот Росен Желјазков, посочи таа.

„Изборот на претседател на комисијата за правни работи е на ПП-ДБ и го чекаме нивното номинирање“, најави Атанасова.

„На почетокот се договоривме изборот на претседател на Народното Собрание и претседателот на Комисијата за правни прашања да може да биде на ротациска основа, под услов Собранието да работи повеќе од три месеци, бидејќи тоа е терминот што го прецизиравме за ротирачкото претседателство“, посочи таа.

Атанасова објасни дека ротирачкото претседателство не може да биде обврзано со одлука на Националното собрание, туку е џентлменски договор меѓу двете најголеми политички сили во 49. Народно собрание.

„Сфаќајќи дека овие напори се дел од подолг процес и подолг пат, но имајќи предвид дека колегите имаат одлуки во нивните национални тела во однос на идната влада, категорично наведуваме дека сега најважна е нашата земја и апелираме за ова. Конструктивниот тон и дијалогот да продолжи, за да биде исполнета главната мисија на секој парламент да донесе функционална редовна влада“, истакна таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот