Победи на Вориорс и Селтикс над Рокетс и Бакс (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Голден Стејт победи во големиот судир со Хјустон во вториот круг од плејофот на НБА, откако триумфираше со 104:100 во „Оракл Арена”. Натпреварот бр. 2 ќе биде повторно во Оукленд.

Шутот оддалеку не беше добар за Хјустон, кој ги пропушти првите 7 удари, но сепак на крајот на првото полувреме, по два прецизни удари тие стигнаа до 53:53. Харден имаше само 4 од 14, а на три пати претендираше оправдано за прекршок при шут од тројката, но немаше реакции од судиите.

По паузата, дуелот стана неизвесен, а домаќините направија премногу грешки. Тие ја загубија предноста од 9 поени, но на крајот Кевин Дурант имаше клучни потези, откако на крајот заврши со 35 поени.

Стеф Кари постигна 17 поени, вклучувајќи и клучна тројка со која го направи резултатот 103:98 на 24 секунди пред крајот. Пред тоа сепак бекот имаше и клучни манифестации во одбраната, иако неколку минути играше со 5 лични грешки.

Џејмс Харден постигна 35 поени за „Ракетите”, но шутот од игра му беше едвај 9 од 28. Тој пропушти да израмни со шут оддалеку во последните секунди и така тимот од Тексас мораше да се помири со пораз.

https://www.youtube.com/watch?v=dqimoU3EumM

Во исто време на Исток, Бостон го порази Милвоки со 112:90 како гостин и поведе со 1-0 во серијата, а Селтикс веќе имаат брејк предност.

Кајри Ирвинг ги поведе „детелините” со 26 поени и 11 асистенции, а откако тимот испушти предност од 15 поени во втората четвртина, во третата повторно се оддели, откако ја освои со 36:21 и триумфираше.

Ал Хорфорд додаде 20 поени за Бостон, а освен тоа играше силно во одбрана против Јанис Антетокумпо, кој постигна 22 поени, но шутот му беше само 7 од 21 и зеде само 8 скока. „Елените” реализираа само 35% од шутевите наспроти 54% за Бостон, што ги осуди на голем пораз.

https://www.youtube.com/watch?v=eZuVMpmMyq4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот