По трагедијата Криси Тајген и Џон Леџенд за прв пат на семејно патување на Карибите

Instagram

Манекенката Криси Тајген изминатиов период доживеa голема трагедија, откако го изгуби нејзиното трето дете во петтиот месец од бременоста, кое со нетрпение го очекуваа со нејзинот сопруг Џон Леџенд.

Некое време тие се повлекоа од јавноста и социјалните мрежи, но сега се чини дека со сите сили се обидуваат да ја надминат болката и тажните спомени кои ќе останат со нив за цел живот.

За да се оддалечат малку од нивното секојдневие и околина што веројатно постојано ги потсетува на трагедијата која се случи во октомври, Криси и Џон организирале семејно патување каде ќе ги поминат божиќните празници и роденденот на Џон.

Instagram
Instagram

Криси постепено се враќа на социјалните мрежи, па така на својот инстаграм – профил сподели фотографии од потоплите краеви.

Instagram
Instagram

Тие се одлучиле за патување на Карибите со нивните две деца Мајлс и Луна, а поранешната манекенка со своите обожаватели и пријатели споделува како го поминуваат времето таму.

Тајген дава до знаење дека полека си доаѓа на себе и се труди да ја надмине својата тага посветувајќи се на својот сопруг и двете деца на кои неизмерно им е потреба.

Instagram
Instagram

Криси откри дека веќе четири недели е трезна. Еден нејзин обожавател се восхитуваше на нејзината енергија.

„Ми треба дрогата што ја користиш!!“, на што Криси одговори „4 недели сум трезна“.

Криси отсекогаш била отворена во врска со нејзината врска со алкохолот. Во едно интервју за „Cosmopoliten“ во 2017 година таа изјави дека навистина пиела премногу, но дека се обидува да го контролира овој нагон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот