Фото: МИА

По строгите забрани, „цвета“ црниот пазар за електронски производи со никотин во ЕУ

Строгите ограничувања на алтернативните електронски никотински производи често водат кон зголемување на нелегалната трговија, покажува истражувањето на Институтот Фраунховер во февруари, според кое околу 50 отсто од електронските цигари во Европската Унија се тргуваат нелегално, со вредност од 6,6 милијарди евра.

Проекциите укажуваат дека овој пазар може да порасне до 11 милијарди евра до 2030 година. Растот е најзабележлив во земји со рестриктивна регулатива, што отвора прашања за ефектите од слични политики во Македонија. Покрај фискалните загуби, сериозен предизвик претставува и ризикот по здравјето од неконтролирани производи.

„Големиот незаконски пазар крие непроценливи здравствени ризици за потрошувачите. Незаконските електронски цигари може да содржат непроверени состојки, чии ефекти не се предвидливи. Овој ризик може да се манифестира со акутно труење, што кулминира со долгорочни негативни здравствени ефекти. Големиот незаконски пазар ја загрозува и заштитата на малолетниците. Нелегалниот пазар ги игнорира контролите за возраста, што им го олеснува пристапот на младите луѓе до електронски цигари“, се истакнува во анализата.

Од Институтот препорачуваат да се изнајде заеднички европски регулаторен пристап и ефикасни контролни механизми, кои вклучуваат координиран пристап и хармонизација на процедурите за одобрување, унифицирани стандарди за производи, хармонизирано оданочување, поефикасни контроли на увозот и поголема транспарентност на пазарот со цел да се воспостават безбедни услови за потрошувачите.

Земјите од ЕУ се водат од Директивата усвоена во Брисел, но таа ги поставува само минималните стандарди, а потоа областа се доработува од секоја земја поединечно. На пример, постојат големи разлики кај оданочувањето на производите. Најголем данок за течноста во вејповите поставила Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот