По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Петровска: Ќе се заложам за зелен и хуман ГУП на Скопје

Ана Петровска/ Фото: МИА

Ана Петровска, поранешна директорка на Државниот инспекторат за животна средина за „Слободен печат“

Во 2021, во Државниот инспекторат за животна средина се изборивме со проблемите настанати поради изгорената документација и опрема, наследената нетранспарентост и „замижување” на загадувањето.

Во 2022 година ќе се заложам за зелен и хуман ГУП на Скопје, запирање на бетонизацијата и заштита на Водно, зголемување на рециклирањето и компостирањето на отпадот, затворање на Вардариште и намалување на загадувањето на воздухот. Ќе продолжам да работам на заштитата на Охридскиот регион и зачувување на статусот на УНЕСКО.

Во Новата година посакувам политичарите бескомпромисно да работат на заштитата на животната средина и климата, бидејќи здравјето и просперитетот на граѓаните зависат од тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот