По празниците Грција ќе воведе нови мерки

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Јасна е позицијата на Владата дека по празниците ќе постои рамка на рестриктивни мерки, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, говорејќи во грчкиот Парламент и објасни дека во тек е состанокот на надлежната комисија на епидемиолози и се очекуваат нивните препораки, пишува Катимерини.

Плеврис додаде дека по препораките, Владата ќе донесе одлуки, но сигурно е дека „ќе постојат рестриктивни мерки по празниците, за да можеме да ја следиме и контролираме пандемијата”.

Веројатноста за дополнителни мерки на почетокот на 2022 година, ја остави отворена и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашната владина седница кога рече дека нивниот план е во две фази: првата масовно тестирање пред празниците, а втората можност за дополнителни мерки по Нова година.

Објасни дека втората фаза се однесува на периодот по празниците, односно на првите седмици од 2022 година и во зависност од текот на пандемијата, на располагање се низа опции, а како пример ги спомена работа од дома, работното време на угостителските објекти и ноќните клубови, но не и затворање на училиштата и паралелно истакна дека сè ќе зависи од тогашните податоци и сè уште не е донесена никаква одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот