По посетата на Скопје, Дендиас заминува за Тирана

Фото: МИА

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас по денешната посета на Скопје, вонредно ќе замине за Тирана, поради земјотресот што ја погоди Албанија, а Грција со наредба на премиерот Кирјакос Мицотакис, ќе обезбеди помош за соседната земја, јави дописничката на МИА од Атина.

-Со наредба на премиерот, Грција итно ќе обезбеди помош за Албанија за справување со последиците од земјотресот што ја погоди земјата. Веќе стапив во контакт со министерот за цивилна заштита, Михалис Хрисохоидис, а од истата причина, вонредно ќе заминам за Тирана по мојата посета на Скопје, напиша Никос Дендиас на неговиот официјален „Твитер” профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот