ПНВ Публикации: „Ова не е книга на Вандер Луст“ од Мане Манушев

Деновиве од печат излезе првата прозна книга од Мане Манушев – новелата „Ова не е книга на Вандер Луст“, во издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје. Станува збор за новела на текот на свеста, во која на стотина страници се опишани сите мисли во главата на главниот лик, во времетраење од само две минути, додека го очекува доаѓањето на неговиот психијатар.

Книгата е илустрирана и со петнаесетина авторски фотографии на Мане Манушев.

Авторот Мане Манушев е роден 1983 година во Велес. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при УКИМ во Скопје. Пишува поезија, кратки раскази и активно се занимава со фотографија и проучување на ирскиот јазик.

Во 2013 година ја објави неговата прва стихозбирка „Ќе“ во издание на „Антолог“. Дел е од европската поетска платформа „Версополис“, а неодамна стана член на шкотскиот ПЕН-центар. Ова е негова прва прозна книга, пишувана во периодот 2001-2003 година. Македонскиот автор Манушев живее, работи и пишува во Шкотска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 28, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 25-26 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот