ПМФЛ: Академија Пандев во голема резултатска криза, Победа непријатно го изненади Силекс

Алберт Диене („Шкупи“) беше стрелец на победничкиот гол против „пандевци“/фото: facebook.com/fcshkupi1927

Денеска во 10 коло се одиграа четири натпревари од Првата македонска фудбалска лига, актуелниот шампион Шкупи славеше со 0:1 на гостувањето кај Академија Пандев. Ова е веќе четврти пораз во низа за „пандевци“.

Чаирчани иако во своите редови имаа двајца исклучени играчи, на крајот ги освоија бодовите со голот на Диене во второто полувреме.

Победа изненадувачки триумфираше убедливо во Кратово против Силекс (0:3). Прилепчани беа подобри благодарение на погодоците на Стомнароски, Петејчук и Паноски.

Мируваа мрежите на останатите два меча (0:0), Скопје – Работнички и Шкендија – Брегалница Штип.

На табелата Струга Трим Лум води со 25 бодови, пред Шкендија и Тиквеш кои имаат по 16, следуваат Шкупи и Силекс по 15.

ПМФЛ, 10 коло

Недела, резултати –

Академија Пандев – Шкупи 0:1
Скопје – Работнички 0:0
Шкендија – Брегалница Штип 0:0
Силекс – Победа 0:3

Табела: Струга Трим Лум 25 бодови, Шкендија 16, Тиквеш 16, Шкупи 15, Силекс 15, Брегалница Штип 12, Работнички 11, Македонија ЃП 9, Академија Пандев 7, Победа 7, Скопје 5.

ПМФЛ: „Лавовите“ се вратија на поразите, Тиквеш издоминира во Кавадарци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот