Прва седница на техничка влада/ Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Платите на функционерите минимално ќе се зголемат, законските измени нема да ги намалат, а ќе им останат и 78-те отсто

Платите на избраните и именувани функционери нема да се намалат, ниту ќе останат исти, туку минимално ќе се зголемат. Некои функционери ќе добијат минимално зголемување од 500 денари, други до 2.000 денари.

По скратена поспатка ќе се менуваат законите за плата на избрани и именувани функционери, за пратениците, за платите на обвинителите, за платите на судиите, за платите на членовите на Судски совет и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители. Промената е во тоа што минимално ќе се намалат коефициентите со кои се множи основицата за пресметка на платата. Основицата е просечната плата во претходната година, која за 2022 година изнесуваше 31.859 денари нето. Просечната плата за 2023 година изнесува 36.614 нето, односно 43.509 денари бруто. Следната година основицата исто така ќе биде зголемена, а со тоа и платите на функционерите.

Според предложените измени, наголемиот коефициент 4,5, според кој се пресметува платата на претседателот, премиерот и спикерот ќе се намали на 3,92. Коефициентот за пратениците беше 3,5, а отсега ќе биде 3,04. Градоначалничката на Град Скопје земаше плата според коефициент од 3,7, кој сега е намален на 3,22, а ист коефициен има и државниот јавен обвинител. Преседателката на Судски совет која имаше коефициент 4, отсега ќе има 3,7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот