Платини и официјално осомничен: Французинот под „лупа“ за два милиони долари

twitter/Bleacher Report

Поанешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини и официјално е осомничен во истрагата на швајцарските власти во врска со исплатата на два милиони долари кои во 2011 година ги доби од ФИФА.

Швајцарското федерално обвинителство овој месец покрена кривична постапка против поранешниот претседател Сеп Блатер, за вмешаност во исплатата на Платини.

Како што се наведува во документите до кои дојде АП, Платини се сомничи за соучество во проневера, малверзации и фалсификување документи.
„Планирани се дополнителни сослушувања во Берн за време на третиот квартал од 2020 година“, наведува АП.

Мишел Платини во февруари 2011 година од ФИФА доби два милиони долари за консултантски услуги работејќи за тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер од 1998. до 2002 година.

Откако швајцарските обвинители во 2015 година го покренаа обвинението во пет различни суда,вклучувајќи го и Етичкиот комитет при ФИФА, Судот за спортска арбитража и Европскиот суд за човекови права, сите тие пресудија против Платини.

И Платини и Блатер се суспендирани од ФИФА иако тие негираат вина.
Четиригодишната суспензија на Блатер истече во октомври минатата година и тој планира повторно да се врати во спортот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот