Платија по 220 евра да го гледаат Ливерпул, го утнале градот за една буква! (ФОТО)

twitter.com/danielstorey85

Двајцата навивачи на Ливерпул платиле по 150 евра карта да патуваат со воз и 70 евра влезница да присуствуваат на натпреварот, но на крајот за нивна несреќа истиот го гледале во локален ирски паб, бидејќи наместо во Генк, тие завршиле во Гент.

Вчера Ливерпул, бранител на титулата во Лигата на шампионите, во рамките од третото коло славеше убедливо со 1:4 против екипата на Генк во Белгија.

Двајца навивачи на Ливерпул одлучиле да заминат на ова гостување да ја дадат поддршката за клубот од „Енфилд“, но не стигнаа до посакуваната дестинација, поради само една буква!

Тие наместо во Генк, завршиле во Гент. Како што пренесуваат белгиските медиуми, платиле по 220 евра кои „паднаа во вода“.

Но, во меѓувреме Гент слушна за оваа интересна и комична приказна, па ги повика двајцата како гости на денешниот дуел од Лига Европа против Волфсбург (18.55 часот).

– Дали би можеле да ни помогнете да ги пронајдеме овие двајца навивачи кои вчера останаа малку збунети? – напиша фудбалскиот клуб на Гент на својот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот