Навивачите на Ливерпул предизвикаа скандал поради својот напаѓач Ориги! (ФОТО)

twitter.com/scotsunsport

Навивачите на Ливерпул предизвикаа скандал во Генк поради нивниот напаѓач, Дивок Ориги. Пред почетокот на натпреварот на трибините фановите на овој англиски клуб поставија транспарент од нивниот играч кој во раката го држеше својот пен*с, а до него е трофејот во Лигата на шампионите.

Полицијата веднаш реагираше и транспарентот беше отстранет, но тоа не беше доволно брзо да се спречи овој скандал да заврши и на социјалните мрежи.

УЕФА за овој потег скоро сигурно ќе го казни Ливерпул, кој потоа се огласи со осуда:

– Фудбалскиот клуб Ливерпул го осудува навредливиот транспарент поставен на нашиот дел од трибините во пресрет на натпреварот. Да бидеме јасни, сликата употреби расистички стереотип – рече портпаролот на Ливерпул.

Мечот во Лигата на шампионите во Белгија заврши со убедлив триумф на бранителот на европската титула, Ливерпул, со 1:4 во рамките од третото коло во групната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот