Планирате свадба? На ОВИЕ ТРОШОЦИ многу парови често забораваат - Слободен печат
ЖенаМагазин

Планирате свадба? На ОВИЕ ТРОШОЦИ многу парови често забораваат

Многу парови забораваат дека има и поситни трошоци, кои кога ќе се стават на едно место и не се толку мали колку што се чини.

Основните трошоци за една свадба се горе-долу истите: венчаница, костум, покани, прием и храна, фотограф и музика. Но, тоа не се единствените.

Многу парови забораваат дека има и поситни трошоци, кои кога ќе се стават на едно место и не се толку мали колку што се чини.

Еве за што се работи:

Испраќање на поканите

Најголемиот дел од поканите можете да ги доставите лично или преку пријатели и роднини. Но, може да се случи тоа да треба да го направите преку пошта.

Пробување на храната

Без разлика дали се работи за главното јадење, колачите, тортата, дегустацијата најчесто треба да ја платите.

Шминка и фризура

Имајте предвид дека многу фризерници и шминкери имаат посебен ценовник кога се работи за невести, речиси секогаш со повисоки цени од вообичаените.

Подароци

Во многу традиции, младенците треба да обезбедат дарови за кумовите, старосватите и другите лица кои имаат некаква улога на нивната венчавка.

Корекции на фустанот

Ако сте купиле венчаница и треба да ѝ правите корекции, не заборавајте дека тоа ќе ве чини. Истото важи и за костумот на младоженецот.

Порции за фотографите и бендот

Зависно од договорот, може да се случи да треба да ги платите и нивните порции. Некои фотографи одбиваат порции, но за членовите на бендот најчесто треба да се обезбеди и храна.

На свадба сте? ОВИЕ ГРЕШКИ СО ОБЛЕКАТА никако не смеете да ги правите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close