На свадба сте? ОВИЕ ГРЕШКИ СО ОБЛЕКАТА никако не смеете да ги правите - Слободен печат
ЕспресоЖенаМода

На свадба сте? ОВИЕ ГРЕШКИ СО ОБЛЕКАТА никако не смеете да ги правите

Пред сè, не заборавајте дека вие не сте главната ѕвезда на тој настан и немате задача да ги оставате сите без зборови.

Кога сте гости на нечија свадба, треба да изгледате убаво и пристојно, но постојат и неколку непишани дрес-код правила.

Пред сè, не заборавајте дека вие не сте главната ѕвезда на таа свадба и немате задача да ги оставате сите без зборови. Треба да бидете облечени женствено и елегантно, а отстапки од ова правило има доколку младенците одредат тема на свадбата или имате значајна улога на истата.

Затоа, запаметете ги овие правила:

1. Не носете бел фустан, од очигледни причини. Бели модни додатоци се дозволени.

2. Прекусо здолниште и предлабоко деколте се невкусни. Бидете пристојни.

3. Заборавете и на гламурозните тоалети, ова сепак не е ваш ден.

4. Деколте без градник е непристојно пред останатите гости, а и вашите гради не треба да бидат во фокусот на фотографиите.

5. Проѕирни фустани, поради очигледни причини.

6. Фармерки, како ниту здолништа или фустани од џинс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close