Пет години без плеј-оф: Дивац ќе го напушти Сакраменто!

twitter/Basketball HOF

Генералниот менаџер на Сакраменто кингс, Владе Дивац ќе ја напушти таа позиција после пет години, информира Сем Емик, новинарот на „Атлетик“.

Иако конкретна причина засега не е соопштена, славниот српски кошаркар си заминува откако тимот од Калифорнија ни во петтата сезона не успеа да избори пласман во плеј-офот на НБА лигата.

Неговата позиција повремено ќе ја превземе Џо Думарс, досегашен советник, кој ќе биде вклучен и во изборот на новиот генерален менаџер.

За разлика од Дивац, тренерот на Кингси, Лук Волтон нема да ја напушти клупата. Волтон во Сакраменто дојде минатото лето на инсистирање на Србинот.

Дивац имаше воедно главен збор од управата во кроењето на составот. Можеби една од неговите најголеми грешки беше одлулата на драфтот во 2018 година за втор пик да го избере Марвин Бегли, наместо Словенецот Лука Дончиќ кој сега блеска во дресот на Далас Маверикс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот