Песков: Уште сме подготвени за преговори, но сега условите се други

Дмитриј Песков/ Фото Mikhail Japaridze / TASS / Profimedia

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во разговор со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган истакнал дека Москва останува подготвена за преговори со Украина, но оти ситуацијата и условите се променети.

– Претседателот наведе дека Русија останува подготвена за преговори. Но, ситуацијата се промени, а исто така и условите, посочи Песков.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу вчера изјави дека Путин му рекол на Ердоган дека постои можност да се врати на преговорите со Киев, но под нови услови.

Чавушоглу во Токио, каде присуствува на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе, посочи дека Путин ова го кажал во разговорот со него на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, што неодамна се одржа во Самарканд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот