Песков не сака да го коментитра третманот на уапсените за терористичкиот напад во Москва

Саидакрами Муродали Рачабализода / Фото: Kommersant Photo Agency / ddp USA / Profimedia

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека е несоодветно да се коментира истрагата за терористичкиот напад во „Crocus City Hall“, вклучувајќи ги и наводите во западните медиуми дека Исламската држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за масакрот.

„Истрагата се уште е во тек и засега не е објавена конкретна верзија. Претходните извештаи беа прелиминарни и досега не е објавена официјална верзија. Мора да почекаме официјални информации од нашите органи за спроведување на законот“, рече Песков на брифингот, запрашан да ги коментира наводите дека ИСИС ја презеде одговорноста, пренесува ТАСС.

Песков рече дека руските специјални служби работат независно на истрагата за терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ ​​и дека не станува збор за помош од други земји.

Терористички напад близу Москва/ EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

На прашањето дали западните земји, кои претходно предупредуваа за можни терористички напади во Москва, дале некаква информација во врска со терористичкиот напад и дали Русија сега има потреба од таква помош, Песков рече дека нема контакти со западните земји во врска со истрагата за Крокус.

„Нашите служби работат независно, сега не станува збор за каква било помош“, рече Песков, кој исто така изјави дека рускиот претседател Владимир Путин имал „многу телефонски разговори“ со странски лидери во последните денови, од кои сите изразиле „намера за подобрување и зајакнување на билатералната соработка“ во борбата против тероризмот.

„Нашиот свет денес покажува дека ниту еден град или земја не може да биде целосно имуна од заканата од тероризам“, рече Песков и нагласи дека „борбата против тероризмот е постојан процес кој бара целосна меѓународна соработка“, но дека оваа соработка , поради „ периодот на конфронтација, не се реализира целосно“ и дека неа всушност ја нема.

На прашањето за добиените предупредувања за терористички напад, Песков рече дека на Кремљ „никогаш не му се обезбедуваат разузнавачки информации“ и дека предупредувањата за можни терористички напади, вклучително и оние од САД, доаѓаат „преку разузнавачки канали“.

Портпаролот на Кремљ додаде дека тоа „спаѓа во категоријата чувствителни информации, кои, се разбира, не се откриваат“.

Осомничените за нападот во Москва / Фото: TATYANA MAKEYEVA / AFP / Profimedia

Песков не сакаше да го коментира односот кон четворицата осомничени кои беа сослушани пред судот во Басман и им беше одредена мерка притвор до 22 мај, а фотографиите од судницата кои беа објавени во медиумите укажуваат дека имаат бројни повреди.

Запрашан за можна примена на смртна казна кога се во прашање сторителите на нападот, Песков рече дека во моментов за тоа не станува збор.

Според Песков, Путин „продолжува да ги добива сите извештаи од сите релевантни служби“.

Песков порача и дека граѓаните треба да бидат свесни за можните провокации и обиди за регрутирање луѓе за нови терористички напади на социјалните мрежи. Тоа, додаде, многу зависи од медиумите.

„Не зборувам за каналите на Telegram, особено за безлични. Зборувам за оние медиуми од кои граѓаните добиваат сериозни информации во кои веруваат. Неопходно е да се информираат граѓаните за ваквите провокации“, рече Песков.

Претседателот на Русија попладне ќе оствари средба со шефовите на безбедносните служби, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин и гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов, а на дневен ред ќе има биде ставена и висината на поддршкаата за семејствата на жртвите во нападот во концертната сала Крокусот, Песков.

„ Засега нема промени во распоредот на планираните средби и патувања на шефот на државата Путин порапоради овој терористички напад, рече Песков, додавајќи дека патувањата планирани за догледна иднина се во фаза на подготовка.

Путин, како што додаде, се уште не планира да го посети местото на трагедијата во „Crocus City Hall“, каде според се уште нецелосни податоци загинале 137 лица, а 180 се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот