Песков: Москва сака добри односи со Прага, но не по секоја цена

Дмитриј Песков / Фото: Архива

Претходно, руското Министерство за надворешни работи најави дека двајца чешки дипломати ќе бидат прогласени за персона нон-грата, откако двајца руски дипломати беа протерани од Чешка на почетокот од месецов.

Москва ќе остане посветена на подобрување на односите со Прага, но нема да толеирара никакви непријателски чекори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека последните неколку месеци односите помеѓу Русија и Чешка се тензични, истакнувајќи оти Москва жали поради таквиот развој на ситуацијата.

Песков наведе дека Москва не може да остане рамнодушна на непријателските потези на Прага и оти секој таков чекор ќе биде пропратен со одмазда од руската страна.

– Иако сме заинтересирани за одржување на добри односи со сите земји, вклучително и Република Чешка, никогаш нема да останеме слепи за непријателските потези – истакна Песков.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи најави дека двајца чешки дипломати ќе бидат прогласени за персона нон-грата, откако двајца руски дипломати беа протерани од Чешка на почетокот од месецов.

Руската амбасада во Прага на 5 јуни доби нота од чешкото Министерство за надворешни работи, со која ја известува за протерување на двајца руски дипломати, кои чешкиот премиер Андреј Бабиш претходно ги прогласени за персона нон-грата.

Тој тврдеше дека вработен во руската Амбасада испратил лажни информации до чешката разузнавачка служба за планиран напад врз чешки политичари, со што, како што изјави Бабиш, придонел за „понатамошно нарушување на односите меѓу Чешка и Русија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот