Песков и одговори на Клинтон: „Госпоѓата е позната по тоа, да ги меша поимите“

Хилари Клинтон / Фото Архива на СП

Официјална Русија не и остана должна на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинот. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Клинтон ги измешала поимите кога ги обвинува Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин за ширењето на НАТО.

„Госпоѓа Клинтон е нашироко позната по своите обиди сè да сврти наопаку и да ги измеша поимите“, кажа тој.

Песков истакна дека што се однесува до постапките на Путин, веројатно е неопходно да се потсети поранешната шефица на американската дипломатија на брановите на ширење на НАТО и приближувањето на воената инфраструктура на Алијансата до границите на Русија.

Според него, рускиот претседател упорно ги повикувал западните земји да разговараат за ова прашање и да потпишат документ чиј нацрт бил подготвен, но западните колеги одбивале да разговараат.

„И тука станува сосема јасно што беше поводот за специјалната воена операција која се спроведува и трае“, заклучи тој.

Хилари Клинтон вчера за време на говор во Стејт департментот се потсмеваше со загриженоста на Путин околу ширењето на НАТО, тврдејќи дека ширењето на западниот воени пакт на исток е последица на руската политика.

„Штета, Владимир. Самиот си го направи тоа“, кажа Клинтон и додаде дека, како што секогаш се истакнува, луѓето не се приморани да се приклучат на НАТО, туку дека бираат и сакаат да влезат во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот