Пешак и велосипедист повредени во сообраќајка

велосипеди
Велосипеди, Фото: Архива

На 26.05.2022 во 9.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.А. (28) од Скопје и велосипед „каприоло“, управуван од В.М. (64) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Истиот ден во полиција е пријавено дека на крстосница од булевар „Крушевска Република” со булевар „Кочо Рацин“, камион „форд” управуван од З.Е.(55) од Скопје, удрил во Е.М. (34) од Скопје. Во несреќата со тешки повреди се здобил Е.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Коста Петров еден од учесниците во сообраќајката во Тафталиџе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот