Перо Антиќ промотор на европскиот кошаркарски шампионат на средни училишта во Скопје

фото: kfsm.mk

Нашиот главен град за првпат е домаќин на Европско првенство во кошарка за средни училишта.

На првенството, кое вчера вечер, беше и свечено отворено, учествуваат најдобрите 200 средношколци од седум европски држави, меѓу кои и четирите најдобри македонски тимови во женска и машка конкуренција.

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ е главниот промотер на оваа европска манифестација.

Инаку, на свеченото отворање, свои обраќања до присутните имаа претседателот на Европската федерација за Училишен спорт, Жељко Танасковиќ, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Федерацијата на училишен спорт е главен организатор на настанот. Европското првенство за средношколци, ќе трае до 17 јуни, а ќе биде искористено и за запознавање на културно историските и туристички знаменитости на градот Скопје.

фото: kfsm.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот