EPA-EFE/Emilio Naranjo

Перез по 12 години добива противкандидат за претседателската функција во Реал Мадрид

Флорентино Перез веќе 12 години е на челната позиција во Реал Мадрид, а на новите избори конечно ќе добие конкурент.

Перез од 2009 година кога по втор пат беше избран за претседател по три години пауза, на наредните два реизбори во 2013 и 2017 година немаше противкандидат, но ова лето тој ќе има конкурент во Енрике Рикелме.
Младиот бизнисмен Рикелме има 32 години и е директор на компанијата „Cox energy“ чија вредност е проценета на 300 милиони евра и притоа ги исполнува условите за да се кандидира бидејќи може да обезбеди парична гаранција во висина од 15 проценти од годишниот буџет на Реал Мадрид, или околу 92 милиони евра.

Рикелме смета дека Реал Мадрид мора да стане посилен на глобално ниво.
– Во овој момент потребно е или клубот да го смени својот начин на работа на глобално ниво или ќе се најде во големи проблеми за неколку години. Да се биде глобално силен клуб не е едноставно, не е доволно Реал да отпатува на турнеја низ САД за време на летните подготовки – вели Рикелме.

Младиот бизнисмен му оддаде почит за работата на Флорентино Перез.
– Најдобриот претседател во историјата на Реал Мадрид е Сантијаго Бернабеу, а по него имавме неколку претседатели меѓу кои е и Перез кој пак успеа да ги сврти работите на подобро. Но, јасно е дека промените во Реал Мадрид се неопходни – додава Рикелме.
Според статутот на Реал Мадирд, претседателските избори мора да се одржат на секои четири години, а засега не е познато какви се плановите на Рикелме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот