Пендаровски за српска „Политика“: Со Србија имаме заеднички цели и грижи

Србија и Северна Македонија се соседи, ние сме поврзани со институции, бизниси, културни и семејни врски и традиции, рече претседателот на нашата државава Стево Пендаровски за српскиот весник „Политика“.

-Немаме отворени прашања меѓу себе, а имаме заеднички цели и грижи, да изградиме општество каде нашите граѓани ќе имаат добар квалитет на живот, во кое младите луѓе нема да се иселуваат и ќе добијат шанса да успеат дома- вели Пендаровски.

Пендаровски се осврна и на средбата со Макрон за време на Парискиот мировен форум, ги пренесува пораките на официјална Франција дека сака да ја види Северна Македонија како дел од европското семејство.

-Во Париз учествував на Парискиот мировен форум, за време на кој се сретнав со францускиот претседател, Емануел Макрон. Оваа средба беше од големо значење за нашата земја. Франција е земја која има демократија долга од два и пол века, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, основач на НАТО, член на Г-7, силна економија и земја меѓу основачите на ЕУ, како и една од најголемите сили во Унијата. Разговорот со претседателот Макрон беше динамичен и беше одлична можност да му ги претставиме нашите аргументи за членство во ЕУ, потенцирајќи дека европските интеграции се нашата стратешка цел и дека сме подготвени за преговори и со изменета методологија за претпристапни преговори за членство. Претседателот Макрон ме увери дека Франција би сакала да нè види како дел од ЕУ, но исто така ми го образложи нивниот став за реформите на методологијата на преговори, дека нема намера да понуди алтернатива за нашето членство во ЕУ, туку да го подобри процесот. Изрази подготвеност да ја посети Северна Македонија во првата половина на 2020 година и да им објасни на нашите граѓани какви биле неговите ставови, односно функционалното подобрување на пристапниот процес, а не само формалностите. Останува на нас да продолжиме со реформите, да излеземе со нова методологија за спроведување на претпристапните преговори и се надевам дека наскоро ќе добиеме позитивни вести за нашите европски интеграции-образложува Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот