Пендаровски во Ресен и Битола, Силјановска во Куманово, Река во Струга

Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата, на која на средби со граѓани и митинзи ги претставуваат своите изборни програми.

На шестиот ден од изборната кампања Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, ќе има средба со граѓаните на Струга, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во Ѓорче Петров и Куманово, додека кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе има средби со граѓани во Могила и Новаци и граѓански трибини во Демир Хисар и Ресен и митинг во Битола.

Кампањата официјално почна на први април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

Пендаровски под мотото „Заедно напред” ја стартуваше кампањата од Прилеп, Силјановска под слоганот „Правда за сите” од родниот Охрид, додека Река под мотото „Република за сите” од Скопје.

Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот