Пендаровски: Не би било добро 12 април да се одложува како датум на избори

Одговарајќи на прашањето дали чувствува некаков долг кон СДСМ и ДУИ, Пендаровски дециден дека нема никакви долгови за враќање.

Во историјата на државата претседател не бил избран без поддршка на кој било од големите два блока, рече претседателот Стево Пендаровски, во интервју во телевизијата Канал 5.

Потенцира дека ќе се држи до Уставот и до законите и нема намера да прави компромис со тоа што се нарекува правна држава и владеење на правото.

Одговарајќи на прашањето дали чувствува некаков долг кон СДСМ и ДУИ, Пендаровски дециден дека нема никакви долгови за враќање.

-Во политичка смисла ако не работат за доброто на граѓаните, јас не сум со нив и тоа во неколку наврати го покажав, рече меѓу другото Пендаровски.

Во однос на претстојните предвремени парламентарни избори Пендаровски посочи дека ќе му го даде мандатот на оној што ќе го увери или ќе му даде гаранција во облик на потписи дека има 61 пратеник.

Пендаровски тврди дека на лидерската средба кај него, бил договорен само 12-ти април за изборите, но не и одложувањето на распуштањето на Собранието. Сепак, како што рече, и со распуштањето на Собранието на 16. февруари, ДИК има доволно време да ги организира изборите.

Ставот на шефот на државата бил дека не би било добро 12. април да се одложува како датум на избори.

Пендаровски вели дека не би сакал да имаме ваков предизборен модел на техничка Влада, но, истакна ова е најдобар модел поволен за нас.

На прашањето како ја оценува функционалноста на техничката Влада, Пендаровски подвлече дека недовребата меѓу двата политички блока е толку голема што мислам, рече, дека ова е најдобриот од инаку лошите модели на кохабитација меѓу политичките субјекти пред избори.

– Нивото на недоверба помеѓу политичките субјекти е поголемо, веројатно и на ниво на лидерствата, многу поголемо од просечното ниво на недоверба меѓу граѓаните кои се веќе партиски и политички определени, рече шефот на државата Пендаровски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот