Пендаровски го осуди терористичкиот напад во Москва

Претседателот Стево Пендаровски во кабинетот - Фотографија МИА

Претседателот Стево Пендаровски го осуди терористичкиот напад во „Крокус Сити Хол“ близу Москва.

„Искрено сочувство до фамилиите на тие кои ги загубија најблиските. Им посакувам брзо закрепнување на повредените.“, напиша тој на Фејсбук.

Во терористичкиот напад синоќа загинаа 115 лица, а бројот на жртвите ќе се зголемува, велат од Истражниот комитет на Русија.

Руската федерална служба за безбедност соопшти дека се уапсени четворица терористи кои го извршија нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва и уште седум други лица.

Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 115

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот