Пејачката Сиа снима филм со кој ќе им оддаде почит на лицата со аутизам и на нивните негуватели

Пејачката го објави планот да режира филм во 2015 година на Филмскиот фестивал во Венеција, но ѝ беа потребни пет години идејата да созрее и конечно сега да се реши да седне во режисерското столче.

За да ја реализира долгогодишната желба да режира филм, на популарната пејачка ѝ помогнал сценаристот Далас Клејтон, со кого таа соработува за снимањето на филмот „Музика“, нејзино режисерско деби.

Си помислив: „Колку тешко може да биде да режираш филм. Мора да е исто како снимањето видеоспот, но секој ден во рок од 40 дена? – вели таа.

Во филмот „Музика“ главните улоги ги имаат Кејт Хадсон и Лесли Одом Џуниор, заедно со Меди Зиглер, девојчето што се прослави со спотовите на Сиа.

Барала актери преку Твитер

Хадсон ќе ја глуми слободумната девојка Зу, која се оддалечила од семејството, но мора да се врати во родното место за да се грижи за својата полусестра Мјузик, која ја глуми Зиглер, тинејџерка со аутистичен спектар. Во тоа ѝ помага соседот, кој го игра Лесли Одом Џуниор.

Сиа открива дека Твитер го искористила за кастинг, односно пратила порака дека бара актери за филмот што предизвикало голем интерес.

За Зиглер која го игра насловниот лик, Сиа вели дека е најпрофесионалната личност со која работела досега.

Во филмот Меги глуми девојка која не зборува, но има ехолалија и повторува сè што ќе слушне или што некој ќе ѝ каже, но не го генерира со својот глас – потенцира Сиа и вели дека не сака да ја каже дијагнозата директно, бидејќи не сака да навреди некого.

Нови 10 песни

Филмот изобилува со музика, односно ќе донесе нови десет песни. Низ фантастичните музички секвенци, Сиа ќе го прикаже алтернативниот свет во кој живеат Мјузик и другите карактери. Таа соработуваше со костимографката Кристин Вада („Старосватици“), која ѝ помогнала да ја реализира својата визија.

Направив скици за сите костими кои сакам да ги носат ликовите, но во конечна реализација ми помогна Кристин, која воедно ги подобри моите идеи. Јас ги сакам филмските костими, можам да ги нацртам, но не знам да ги изработам – објаснува пејачката за оваа соработка.

На првиот ден од снимањето Сиа ги собрала сите актери и екипата и им рекла:

Сакам да работите секој ден знаејќи дека со филмот се обидуваме да покажеме љубов кон сите кои се грижат за лица со посебни потреби и сите луѓе со аутистичен спектар. Филмов е за нив. Ако успееме сите ние да си го намалиме своето его, тогаш ќе добиеме прекрасно дело“.

Сиа открива дека по неколку денови морала да отпушти двајца од екипата.

Пејачката вели дека додека растела сакала да биде актерка, но кога живеела во Италија почнала да пее караоке, а диџејот ѝ дал околу 80 долари за да пее на следната песна што тој ја компонирал.

Другото е историја. Потоа станав пејачка, но многу сакам да имитирам гласови и да раскажувам приказни – завршува таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот