Пецас: Грција не може да се ослободи од Преспанскиот договор

Како основен критериум и компас во надворешната политика, Грција секогаш го има меѓународното право, а еден меѓународен договор како што е Договорот од Преспа, иако предупредувавме дека е штетен, сепак беше ратификуван и дава резултати, изјави портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на ставот на поранешниот премиер на Грција од редовите на Нова демократија, Андонис Самарас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Пецас рекол дека позициите на Самарас се познати и истакна дека Нова демократија (НД) „уште од прв момент го изрази нејзиното противење за Договорот од Преспа”.

– (НД) направи сѐ што можеше за да не се потпише, вклучувајќи и предлог за гласање недоверба на Владата, направи сѐ што можеше да не се ратификува и секогаш предупредуваше дека од моментот кога ќе се ратификува, произведува резултати од кои Грција не може да се ослободи. Грција е земја, како што реков и претходно во однос на темите што се однесуваат на грчко-турските односи, што секогаш како основен критериум и компас во надворешната политика го има меѓународното право. Според тоа, еден меѓународен договор како што е Договорот од Преспа, иако предупредувавме дека е штетен договор, беше ратификуван и дава резултати – рече Пецас.

Како што вчера објави МИА, поранешниот грчки премиер Андонис Самарас при неговото обраќање на 13-от Конгрес на владејачката Нова демократија рече дека политичкото прашање е како Грција ќе се ослободи од Договорот од Преспа, без да ја плати цената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот