Парламентот одлучи: Ќе има делумна легализација на канабисот во Германија

Фото: Petr Švancara / Česká ilustrační fotografie / Profimedia

Германскиот Парламент денеска одобри делумна легализација на канабисот за лична употреба од 1 април.

Бундесратот на денешната седница го усвои предлог-законот за делумна легализација на канабисот.

Новиот закон дозволува возрасните лица да можат да поседуваат до 25 грама канабис за лична употреба на јавни места, да можат да одгледуваат до три стебла канабис дома и да поседуваат до 50 грама канабис за лична употреба таму. Пушењето марихуана на јавни места ќе биде забрането во училиштата, спортските објекти и на 100 метри од нив. Германската јавност е поделена околу новиот закон: според анкетата на YouGov објавена во петокот, 47% се за, а 42% се против.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот