Папата ги советува католиците: Сексуалното задоволство е дар од Бога, но избегнувајте порнографија

Папата Франциск / Фото: IPA / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

„Сексуалното задоволство е дар од Бога“, но католиците мора да избегнуваат порнографија, вели папата Франциск. Франциск ги даде забелешките за време на говорот посветен на „порокот на страста“ на неговата општа аудиенција на плоштадот Свети Петар.

„Сексуалното задоволство е нешто што треба да се негува, но тоа е поткопано од порнографијата, а задоволството без врска може да генерира форми на зависност. Мора да ја браниме љубовта“ вели папата.

Ваквата изјава на папата Франциск се чини дека е одговор на неговите конзервативни критичари, кои беа огорчени минатата недела откако повторно се појави книга со сексуално експлицитна содржина напишана пред неколку децении од шефот на доктрината на Ватикан, пренесува Гардијан.

Книгата на Виктор Мануел Фернандез, аргентински кардинал близок со Франциск, кој веќе бил познат како автор на друга сексуално наполнета книга напишана во неговата младост, вклучувала поглавје во кое се опишуваат разликите помеѓу машките и женските оргазми.

Како одговор на неодамнешниот скандал, Фернандез, чие назначување на една од најмоќните позиции во Ватикан беше критикувано од конзервативните кардинали изјави: „Секако не би го напишал тоа сега“.

Во 2022 година папата предупреди на „ѓаволот“ на дигиталната порнографија, притоа признавајќи дека свештениците и калуѓерките исто така гледаат порнографски содржини на интернетот.

„Тоа е порок што го имаат многу луѓе. Толку многу лаици, толку многу лаици, а исто така и свештеници и калуѓерки“, рече тој. „Ѓаволот доаѓа од таму“.

Кон крајот на 2020 година, Ватикан беше оставен во непријатна ситуација кога беше принуден да „бара објаснувања од Инстаграм“ откако официјалниот Инстаграм на папата Франциск, кој заедно со неговите други профили на социјалните мрежи ги управува тим од луѓе, „лајкнал“ фотографија на бразилската манекенка Наталија Гарибото. „Лајкот“ од профилот на папата беше видлив на страницата на Гарибото неколку дена пред да биде тргнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот