„Пантерска“ одбрана на Димитриевски, невидена радост на Алиоски! (ВИДЕО)

фото:твитер

Важно е и за селекторот Игор Ангеловски да ги има своите играчи во добра форма пред наредните репрезентативни натпревари.

Полека, но сигурно се враќаат фудбалските клубови ширум Европа и светот на тренинзите и евентуалното продолжување на натпреварувачката сезона.

Помеѓу нив и екипите каде што настапуваат македонските репрезентативци, Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски и Лидс јунајтед на Езгјан Алиоски.

Рајо Ваљекано до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус во шпанската Сегунда се наоѓаше на 11 место. Лидс јунајтед во Чемпионшип беше на врвот и најблиску до конечно враќање во најсилната англиска Премиер лига.

Важно е и за селекторот Игор Ангеловски да ги има своите играчи во добра форма пред наредните репрезентативни натпревари.

Голманот Димитриевски покажува одлични перформанси, и на еден од тренинзите имаше една „пантерска“ одбрана. Алиоски, еден од поомилените играчи кај фановите на англискиот клуб, реализираше гол за невидена радост, а настрада и една од камерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот