Паника во светот на уметноста: Украдени вредни скулптури на Салвадор Дали од галерија во Стокхолм

Украдените работи, според зборовите на директорот на галеријата, поединечно вредат помеѓу 21.000 и 52.000 долари, пренесува Ројтерс.

Бронзени скулптури од надреалистичкиот уметник Салвадор Дали се украдени рано утринава од галеријата Колер во Стокхолм, кога крадци ја разбиле вратата, ги земале уметнините на Дали и побегнале.

Во галеријата е актуелна изложба на делата на Салвадор Дали, а досега биле изложени околу десет дела на шпанскиот уметник.

Украдените работи, според зборовите на директорот на галеријата, поединечно вредат помеѓу 21.000 и 52.000 долари, пренесува Ројтерс.

Profimedia

– Тоа се многу пари. Ова е ужасно – рекол директорот на галеријата. Тој додал и дека делата на Дали биле на позајмица од Швајцарија.

Местото на настанот е обезбедено, а моментално се врши увид, јавуваат повеќе светски медиуми, соопштувајќи дека полицијата засега одбива да открие повеќе детали. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот