Паника во британски затвор: Дилер кој бил екстрадиран од Талјанд би можел да има коронавирус

Фото: Crime Suppression Division

Од Тајланд денес порачаа дека починатиот 31-годишен Британец, кој бил обвинет за растурање на дрога, не покажувал знаци на болеста кога на 27 јануари е екстрадиран во Велика Британија.

Тајландските власти тврдат дека Марк Рамбл, кој во понеделникот колабирал во британски затвор поради инфицираност од коронавирусот, бил здрав кога на крајот на јануари е екстрадиран од таа земја, пишува „Бангкок пост“.

Од Тајланд денес порачаа дека починатиот 31-годишен Британец, кој бил обвинет за растурање на дрога, не покажувал знаци на болеста кога на 27 јануари е екстрадиран во Велика Британија.

Тврдат дека за време на прегледот му била измерена температура од 36,6 Целзиусови степени, и дека снимката од неговите бели дробови била сосема нормална.

Инаку, пред да биде екстрадиран во Велика Британија, Рамбл бил уапсен на 2 ноември во Патај под обвиненије за растурање на дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот