Панел: „Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални – како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на ковид-19?”

Во рамки на Вечери на женски права денеска ќе се одржи панел дискусија „Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални – како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на ковид-19?”, во организација на Институтот за човекови права, со поддршка на Град Скопје и UN Women канцеларијата во Скопје.

Според организаторите, воведни обраќања на панелот ќе имаат Маргарита Цаца Николовска, претседателка на Институтот за човекови права и Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.

Како што најавуваат организаторите панелистки на овој настан се министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фербилни состојби Скопје д-р Милена Стевановиќ, Афердита Хаџијаха Имери – експертка за социјална инклузија, Меѓународна фондација за изборни системи и Ирена Цветковиќ, доктор на науки од областа на родовите студии и претставник на Платформата за родова еднаквост.

Жените се во првите редови во справувањето со кризата ковид-19, како здравствени работници, негувателки, иноваторки, организаторки на заедницата и како едни од најефикасните национални лидери во борбата против пандемијата. Кризата ја истакна и централноста на нивниот придонес и диспропорционалниoт товар што ги носат жените. За таа цел говорничките на дискусијата ќе се осврнат на различните аспекти кои имаат влијание врз секојдневните животи на мноштво жени, а се како директен резултат на пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19, стои во соопштението на организаторите.

Панел дискусијата ќе се одржи во кино Фросина при МКЦ и на платформата Zoom.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот