Пандев како „вино“, има повеќе голови од Игуаин, Дибала..(ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Горан Пандев донесе три важни бода за Џенова, македонскиот репрезентативен напаѓач го запиша шестиот погодок сезонава во Серија А.

Во минатото коло во победата над Сампдорија го имаше првиот гол во Серија А, а денеска Елиф Елмас не настапи за „наполитанците“ поради жолти картони, иако се очекуваше клубот од „Сан Паоло“ да ја оправда фаворитската улога против Лече, тоа изненадувачки не се случи.

Фудбалерите на тренерот Џенаро Гатузо ги разочараа своите навивачи со поразот од Лече (2:3), кај гостите двапати во листата на стрелците се запиша Лападула, еднаш Манкозу, а на спротивната страна по еден погодок имаа Милик и Каљехон.

Моментно Наполи е на 11. позиција со 30 бодови и во наредното коло ќе гостува кај Каљари кој загуби кај Џенова со 1:0.

Стрелец на единствениот погодок беше Горан Пандев непосредно пред крајот на првото полувреме за негов шести погодок сезонава.

Тоа значи дека моментно на листата најдобри стрелци има еден повеќе од ѕвездите на Јувентус, Гонзало Игуаин и Пауло Дибала, помалку имаат уште многу врвни имиња како Марио Балотели, Дрис Мертенс, Џампаоло Пацини, Фернандо Љоренте, Марсело Брозовиќ, Франк Рибери…

принтскрин/flashscores

Моментно неговиот клуб и натаму е во опасната зона за испаѓање на 18. позиција со 19 бодови, само три помалку зад засега „безбедниот“ Лече.

Удинезе на Илија Несторовски во финишот успеа да дојде до бод против Бреша (1:1), нашиот играч настапи од 72. минута. Тимот од Удине е на 15. место со 25 бодови и во наредното коло ќе игра дома против Верона која во саботата непријатно го изненади шампионот Јувентус.

Неделната програма започна со дуелот Спал-Сасуоло 1:2, од 18.00 часот ќе играат Парма-Лацио, а од 20.45 часот е дербито на „Џузепе Меаца“ помеѓу Интер и Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот