Пандев доби „конкуренција“ во нападот на Џенова!

epa08581040 Genoa?s Cristian Romero (2-L) celebrates with teammates after scoring during the Italian Serie A soccer match Genoa CFC vs Hellas Verona FC at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 02 August 2020. EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Екипата на Џенова има нов напаѓач, откако го позајми играчот на милански Интер, Даријан Малес.

За калчолигашот игра македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој стрелаше во првото коло од Серија А во победата од 4:1.

Како што соопштуваат од клубот, договорот на Малес како позајмица ќе трае до крајот на оваа натпреварувачка сезона 2020/21.

Ианку овој швајцарски фудбалер доаѓа од составот на Луцерн од каде „неро-аѕурите“ го купија за четири милиони евра.

Младиот играч имаше 19 натпревари во швајцарската Суперлига и постигна еден гол и додаде четири асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот