Работници погребуваат жртва од ковид-19 на гробишата Вила Фермоса во Сао Пауло / Мај 2020, Бразил / Фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Пандемијата во Бразил не се смирува: Над 30.000 нови случаи, починаа 552 лица

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Бразил е зголемен за 30.476, така што вкупниот број на заразени е 1.344.143, покажуваат податоците на министерството за здравство.

Починале уште 552 лица, така што вкупниот број на починати достигна 57.622. Повеќе од половина од заразените, односно повеќе од 733.000 пациенти се излечиле.

Државата Сао Пауло и понатаму е епицентар на епидемијата во Бразил, вклучувајќи го истоимениот главен град, каде живеат повеќе од 21 милион луѓе.

Растот на бројот на заразени е забележан и во соседната држава Рио де Жанеиро и североисточна Сеара.

Бразил, каде првиот случај на коронавирус беше потврден на 26 февруари, е на второ место во светот, по САД, и по бројот на заболени и по бројот на починати од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот