Пандемија: Протести во Италија поради воведување нови мерки за заштита

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Во повеќе италијански градови се одржаа протести поради владините мерки против новиот коронавирус, а на неколку собири се случиле и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Весникот „Република“ пишува дека ситуацијата во некои градови ескалирала, а за тоа значајно влијаеле екстремистички групи.

Одделни демонстранти ја гаѓале полицијата со петарди и шишиња, а во Милано фрлале молотови коктели и го блокирале сообраќајот. Ситуацијата е тензична и во Торино, каде што демонстрантите фрлале димни бомби, а повреден е еден фоторепортер.

Во Италија се воведени нови рестриктивни мерки поради порастот на бројот на заразени од коронавирус, а некои од мерките вклучуваат ограничено работно време на баровите и рестораните до 18 часот и целосно затворање на фитнес центрите, базените, киносалите и театрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот