Палачинки кои не дебелеат, додадете само една состојка и не ги бројте калориите!

Фото: Профимедиа

Палачинките се еден од најобожованите десерти кај нас. Сакаме да ги јадеме во разни варијанти и комбинации, и тоа не само како десерт, туку и како појадок или вечера.

Ако обожавате да јадете палачинки, но се плашите дека со нив ќе внесете премногу калории, ви претставуваме вистински рецепт за вас.

А, по што се разликуваат од „обичните“?

Овие палачинки се прават од брашно од хељда, за кое е познато дека е многу поздраво од пченичното. Брашното од хељда е одлично за вашето здравје бидејќи е богато со јаглехидрати, а освен тоа не го крева нивото на гликоза во крвта и е богато со влакна, а палачинките направени од ова брашно имаат совршен вкус.

Исто така, овие палачинки се поволни и за луѓето кои се алергични на глутен.

Фото: Профимедиа

Состојки:

– 1 шолја брашно од хељда
– 1 шолја интегрално брашно
– 3 шолји млеко
– 1 шолја кисела вода
– сол, шеќер
– прашок за пециво
– 2 лажици масло

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и солта. Додавајте ги наизменично брашното и млекото, киселата вода и кога добро ќе ја промешате смесата, оставете во фрижидер да отстои половина час. Пред да почнете да ги пржите палачинките, додадете ги прашокот за пециво и маслото, па промешајте. Уживајте во вкусните и здрави палачинки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот