Оваа намирница треба да ја јадеме барем еднаш дневно, добро влијае на здравјето на срцето

Пудинг од авокадо и банана, Фото: Профимедиа

Балансираната исхрана и здравиот начин на живот можат да бидат важни фактори за подобрување на здравјето на срцето. Вклучувањето на здрави масти, како што се незаситените масти, е нешто што долгорочно може да помогне да се намали ризикот од развој на срцеви болести. Диететичарките Алиса Смолен и Кортни Викери го издвоија авокадото како најдобар извор на здрави масти.

– Додавањето авокадо во исхраната е едноставен и лесен начин за подобрување на здравјето на срцето – истакнува Смолен. Диететичарките открија неколку причини зошто треба почесто да го вклучуваме во исхраната.

Добар извор на здрави масти

Авокадото содржи заситени и незаситени масти, но 75 отсто од неговите масти се незаситени, што ги прави одличен избор за здравјето на срцето, пренесува „Да се јаде добро“ (Eating Well). Незаситените масти се едни од најздравите видови масти за здравјето на срцето.

– Некои истражувања сугерираат дека незаситените масти во авокадото, особено олеинската киселина, може да бидат корисни кога се обидува да ја подобрат ендотелната дисфункција или способноста на крвните садови да ја движат крвта низ телото – тврди диететичарката Кортни Викери.

Незаситените масти во авокадото му даваат кремаста текстура и пријатен вкус во устата. Овие здрави масти се исто така во голема мера одговорни за тоа што авокадото е толку хранлива намирница.

Помагаат да се намали нивото на холестерол

Незаситените масти, во комбинација со растителни влакна, можат да помогнат во подобрувањето на добриот холестерол додека помагаат да се намали нивото на лошиот холестерол, пренесува „Да се јаде добро“.

– Авокадото е богато со растителни влакна, за кои е познато дека помагаат во зголемувањето на ХДЛ, односно добриот холестерол. Сакаме нивоата на ХДЛ да се зголемат, а нивоата на ЛДЛ да се намалат, за да ги спречиме кардиоваскуларни болести – објаснува Викери.

Помагаат во намалување на воспаленијата и триглицеридите

Здравите масти во авокадото исто така можат да помогнат во намалувањето на воспаленијата, благодарение на антивоспалителните масти и омега-3 масните киселини. Омега-3 масните киселини се еден вид полинезаситени масни киселини кои можат да помогнат во намалување на воспаленијата и подобрување на високото ниво на триглицеридите.

Изборот на здрави намирници, како што е авокадото, кое содржи здрави масти и овошје, зеленчук и цели зрна, може да помогне во намалување на воспаленијата и намалување на ризикот од срцеви болести.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот