Пакистан соопшти дека не може веќе да прима бегалци од Авганистан

Бегалци од Авганистан / Фото: EPA-EFE/Roman Rios

Пакистанскиот советник за национална безбедност рече дека земјата не може да прифати повеќе бегалци од Авганистан од неколку причини, вклучувајќи ги и финансиските тешкотии.

– Пакистан во моментов не може да прифати повеќе бегалци, изјави Моид Јусуф на прес-конференција во Исламабад.

Тој истакна дека Пакистан веќе примил повеќе од 3 милиони авганистански бегалци кои избегале од војната и насилството во нивната земја во последните децении.

Јусуф рече дека Пакистан ќе се потруди да му помогне на Авганистан, но мора да се зголемат меѓународните напори за да се спречи хуманитарна криза. Тој ја повика меѓународната заедница да не ја повтори грешката со напуштање на Авганистан. Советникот за национална безбедност, исто така, предупреди дека ИД и другите борци, вклучително и пакистанските талибанци, можат да ја искористат ситуацијата.

– Не треба да размислувате многу за да разберете што ќе се случи. Ќе има безбедносен вакуум. Веќе знаете дека ИД е тука, пакистанските талибанци се тука, Ал Каеда е тука, рече тој, додавајќи дека овие групи се непријатели и на Пакистан и на Западот.

– Доколку Авганистан се дестабилизира, тоа ќе влијае на Пакистан, нагласи Јусуф.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот