Пакистан нареди времено запирање на Твитер, Фејсбук, Ватсап, Јутуб и Телеграм по насилни протести

Фејсбук и Инстаграм
Апликациите Фејсбук и Инстаграм/ Фото EPA/Rolf Vennenbernd

Пакистанската Влада нареди привремено суспендирање на социјалните мрежи и платформите за пораки по неколкудневните насилни анти-француски протести.

Министерството за внатрешни работи побара од пакистанските телекомуникациски власти да блокираат Твитер, Фејсбук, Ватсап, Јутуб и Телеграм неколку часа.

Причината за забраната не беше соопштена, но е воведена еден ден по препораката од француската Амбасада во Пакистан, француски граѓани и компании привремено да ја напуштат земјата.

Политичките партии често ги користат социјалните медиуми за организирање демонстрации, особено по петочната молитва. Во минатото, пакистанските власти привремено ги забрануваа социјалните мрежи и ги суспендираа мобилните услуги во обид да спречат масовни протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот