Паѓаат „главите“ на советските споменици низ Европа

Фото : Споменик на руско-украинското пријателство во Киев | EPA-EFE/Laurence Figa-Talamanca

Статуите и спомениците изградени во чест и спомен на некогашниот Советски Сојуз и Црвената армија се уриваат во неколку земји во Европа поради бесот од руската инвазија на Украина.

Меѓу земјите кои периодов ги „чистат“ советските спомен обележјата главно кои биле поставени по Втората светска војна се Летонија, Укрина, Полска, Чешка, Словачка но и други источно европски држави.

Фотографиите објавени од светските медиумски куќи го прикажуваат уништувањето на советските споменици, кои многумина ги гледаат како симболи на историската репресија на Кремљ. Ваквиот феномен започна во Европа откако Русија ја отпочна инвазијата на Украина на 24 февруари, јавува РСЕ.

Серхи Мирхородски, еден од креаторите на споменик во Киев направен во чест на руско-украинското пријателство во далечната 1982 година, набљудувајќи го неговото отстранување на еден од плоштадите во градот објаснува дека не може повеќе да стојат знаменитости за пријателство со Русија кога таа земја ја нападна Украина.

„Русија ја нападна Украина… Можеме ли да бидеме пријатели со Русија? Што мислите вие? Ова е нашиот најголем непријател, па споменикот на руско-украинското пријателство повеќе нема смисла“ изјави тој за Ројтерс.

Слична состојба е и во останатите земји од регионот. Во Полска тамошните власти но и граѓаните без предходни дозволи за отстранување со тешка механизација веќе неколку дена ги отстрануваат спомениците од советската ера.

Спомен обележје во Прага од советска ера – EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Интересно е што во 2017 година, Полска воведе и закон со кој се забрануваат споменици кои „симболизираат или пропагираат“ тоталитарни режими. Законот не важи за згради кои се „исклучиво уметнички или кои се подигнати над посмртните останки на паднатите војници“.

Претседателот на полскиот институт за национално сеќавање присуствуваше на уривањето на споменикот во Хржовице и во изјава за медиумите истакна дека „нема место за споменици и симболи обележани со црвена петокрака во слободна, независна и демократска Полска, ниту во слободна Европа. “

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот