Пад на дневниот број на новозаразени во Велика Британија

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Со новиот коронавирус се инфицираат помалку од 10.000 луѓе дневно, што е многу помала бројка отколку во текот на врвот на епидемијата, иако цифрата на нови позитивни случаи се искачува до приближно ниво, изјави денеска министерот за здравство Мет Хенкок.

– За време на врвот се проценува дека се инфицирале над 100.000 луѓе дневно, но успеавме да потврдиме само 6.000 од нив. Сега проценуваме дека се заразуваат помалку од 10.000 дневно. Тоа е многу, но и понатаму помалку отколку за време на врвот на епидемијата, посочи Хенкок.

Тој додаде дека процентот на тие кои добиле лажен позитивен тест е намален под еден отсто. Во Велика Британија вчера се потврдени 6.178 нови случаи на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот