Овековечени отпечатоците од дланките и нозете на Кијану Ривс (ФОТО+ВИДЕО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Овековечени отпечатоците од дланките и нозете на Кијану Ривс (ФОТО+ВИДЕО)

Кијану Ривс ги овековечи отпечатоците од своите дланки и нозе пред ТЦЛ Кинескиот театар во Лос Анџелос.

Актерот Кијану Ривс, препознатлив по својата скромност, хуманитарност и добри дела, ги овековечи отпечатоците од своите дланки и нозе во цемент пред ТЦЛ Кинескиот театар во Лос Анџелес.

Тој возбудено и со широка насмевка на лицето извикна:

„Сакам филмови. Господе, сакам филмови! Сакам да ги гледам, сакам и да ги правам. Чест е да се биде овде денеска во оваа холивудска благословена земја“

Кијану Ривс кој во моментов е во центар на вниманието со актуелниот хит „Џон Вик 3“, ја прослави својата богата кариера со скоро 100 филма зад себе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close