Ова се најуспешните МАЖИ во Македонија за 2019 година! (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Слободен печат

Вчеравечер во хотелот „Хилтон“ во Скопје по вторпат се одржа изборот за „Маж на годината“ кој го организираше онлајн-магазинот Friday.mk.

Мислав Галер, извршниот директор на телекомуникациската компанија „А1“ е прогласен за маж на годината, а исто беше награден и со уште едно признание – Маж странец на годината.

Меѓутоа наградени беа уште дванаесетмина во различни области. Заменикот на градоначлникот на Скопје –  Енвер Малиќи исто така доби две награди – Маж со трајни вредности и Маж со стил.

Најсилните аплаузи на вечерта ги доби моментално најголемата музичка ѕвезда во Македонија – Влатко ЛозаноскиЛозано. Тој беше награден за Маж со најголем продонес во културата. Поп-ѕвездата ги почести присутните со неговите хитови – „Не те вадам јас од памет“ и „Километри“ и тоа во акустично пијано – верзија, а тоа беше момент кога гостите најмногу снимаа со мобилните телефони.

Слободен печат/Драган Митрески

За менаџер на годината е прогласен Арсим Папарнику од компанијата „Нептун“,  додека за млад менаџер (помлад од 30 години) наградата ја поделија Крис Поповски и Ненад Пантовиќ. За Маж со најголем придонес во општеството е Филип Ивановски.

По избор на социјалните медиуми, титулата маж на годината ја доби капитенот на РК Вардар Стојанче Стоилов, кој поради обврски не дојде на настанот. Наградата за Маж со најголем придонес во спортот ја освои фудбалерот Елиф Елмас, кој игра за Наполи, но во негово име наградата ја подигна потпаролот на ФФМ – Златко Андоновски.

Владимир Стајиќ беше избран за Маж на годината како менаџер до 40 годони, а Хедонист на годината Габриел Стибел. За Маж на годината по избор на организаторите е избран Божидар Јанкоски, познат како Бобо Дајнерс.

Погледнете како беше на вториот по ред избор за „Маж на годината“.

[foogallery id=”134806″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот