ОВА Е ЗА ЦРВЕН: Роналдо како „Брус Ли“, а и реакцијата му е ХИТ! (ВИДЕО)

twitter.com/TeamCRonaldo

Јувентус мораше со пресврт да ја оствари и втората победа во Лигата на шампионите и заедно со Атлетико Мадрид се зацврсти на делба на првата позиција.

„Старата дама“ со трите бода против Локомотив Москва направи чекор напред кон обезбедување на една од првите две позиции во групата „Д“ од ЛШ за пласман во нокаут-фазата.

После првото полувреме водеше рускиот претставник со погодокот на Миранчук за шок кај гледачите на трибините во Торино.

Но, во вториот дел следуваше целосен пресврт благодарение на Пауло Дибала кој за период од две минути ги обезбеди трите бода на италијанскиот шампион.

– Моментот кога Роналдо го удира Гиљерме на 02:25 мин. од видеото:

Кристијано Роналдо, една од првите ѕвезди во Јуве, го одигра целиот меч, овојпат не беше меѓу стрелците и асистентите, но тој на секаков начин се обидува да го привлече вниманието.

Но, сега се пишува во негативен контекст за Португалецот. Италијанците имаа корнер во првото полувреме, кон топката истовремено тргнаа Роналдо и голманот на Русите, Гиљерме.

Чуварот на мрежата беше нешто побрз, ја острани опасноста, но не и доволно да го избегне карате ударот на Кристијано.

Португалскиот фудбалер веднаш се правдаше пред главниот судија дека одел кон топка, зачудувачки не доби ниту жолт картон за овој опасен удар, а вистински „хит“ му е непримерната реакција и се однесуваше како ништо да не се случило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот